За денеска закажано ново рочиште за „ Пуч “

Петто судско рочиште за случајот „ Пуч “ е закажано за денеска, а сите очекуваат дека истото ќе биде одложено.

Специјалното обвинителство веќе почна да работи, па овој случај ќе треба да го преземе некој од обвинителите на специјалната обвинителка Катица Јанева.

На сите досегашни рочишта, еден од обвинетите во случајот, Зоран Заев, не се појавуваше во судот. Претседателот на СДСМ воедно изјави дека веќе нема да почитува ниту една судска одлука.

Во случајот „ Пуч “ за шпионажа и насилство врз највисоки државни функционери обвинети се Зоран Заев, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, Бранко Палифров, службеник во Општина Струмица и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР.