Магазин

За десерт: Целувки со цимет и бадеми

За десерт: Целувки со цимет и бадеми

Крцкав десерт што се подготвува мошне брзо, а вкусот веднаш ќе ве освои:

Состојки:

100 грама мелени бадеми

1 лажичка цимет

200 грама шеќер

3 белки

Подготовка:

  1. Бадемите, 50 грама шеќер и циметот лесно пропржете ги во сува тава, а потоа тргнете ги од оган и оставете ги малку да се оладат. Загрејте ја рерната на 140 степени.
  2. Додека рерната се загрева, изматете цврст снег од пелки постепено додавајќи го остатокот од шеќерот. Пота измешајте ги и бадемите потпечени со шеќер, а 2 лажици оставете за декорација.
  3. Земете слаткарска врекичка со среден кружен додаток и наполнете ја со смесата за целувки па на плех обложен со хартија за печење истиснете ги целувките.
  4. Наросете од сочуваните бадеми и печете 50 до 60 минути. Готовите целувки извадете ги и ставете ги на решетка за колачи за да се изладат.