За десерт подгответе брз ролат со кафе

Состојки:

300 гр. мелени бискоти

200 гр. шеќер во прав

1 лаж. какао

150 мл. црно кафе

150 гр. путер или маргарин

1 варена жолчка

Подготовка:

Измешајте ги мелените бискоти, 100 гр. шеќер во прав и какао па прелијте ги со варено, студено црно кафе. Добро соединете ги за да добиете смеса која не се лепи за раце. Растегнете ја кората на фолија. Пенасто изматете го путерот или маргаринот и 100 гр. шеќер во прав, па додадете испасирана варена жолчка. Добро изматете па премачкајте преку кора. Направете ролат, па оставете го во фрижидер неколку часа. Кога ролатот ќе се стегне, исечкајте на парчиња.