За десерт подгответе црно – бел колач

Подготовка:

КОРИ:

6 јајца

6 лаж. шеќер

6 лаж. брашно

2 лаж. какао

4 лаж. масло

ФИЛ

250 гр слатка хопла

пудинг со вкус на ванила

250 мл. млеко

100 мл. шеќер

ПРЕЛИВ

100 гр. чоколада

50 гр. маргарин

Подготовка:

КОРИ: Изматете ги јајцата со шеќер, додадете ги маслото, какаото и брашното измешани со пециво. Испечете две кори или една па поделете ја на половина. Кората печете ја на 200 степени, 25 мин.

ПРЕЛИВ: Испечените кори прелијте ги со чоколадно млеко и оставете да се оладат. Потоа секоја кора прелијте ја со истопена чоколадо со маргарин.

ФИЛ: Изматете ја хоплата па соединете ја со сварениот и оладен пудинг, а пудингот сварете го со 250 гр. млеко со шеќер. Изматениот фил прелијте го преку корите. Одозгора филувајте според желба.