За десерт подгответе торта со крушки

ТОРТА СО КРУШКИ

Состојки

300 гр. мелени бискоти

5 лаж. шеќер во прав

150 гр. растопен маргарин

сок од крушки по потреба

4 поголеми круши

1,5 шолја за кафе шеќер

3 шолји вода

2 пудинга од ванила

Шлаг и мелени ореви за декорација

Подготовка:

Измешајте ги мелените бискоти, шеќерот во прав, истопениот маргарин, па додадете сок од крушки (по потреба).Се добро соединете, па обликувајте ја подлогата за тортата.Околу подлогата ставете калап за торта. Крушите излупете ги, па исечкајте ги на коцки. Ставете ги во тенџере, додадете шеќер и вода, па варете 10-на минути.

Изматете пудинг од ванила со малку вода, па сипете врела точност од тенџере.Кога ќе се згусне, тргнете од оган. Малку нека се олади па сипете во калапот за торта, преку подлогата направена од кекс.Добро оладете ја во фрижидер, па тргнете ги ивиците од калапот. Премачкајте со изматен шлаг, па посипете со ореви. Кога ќе се олади исечете на парчиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.