недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 34

За десет минути штипјанец имал сообраќајка, па бил претепан и ограбен

stop-policija-srbija

Последни вести

Штипјанец во рок од 10 минути доживеал сообраќајна несреќа, го претепале и го ограбиле.

Лошото за него почнало на 200 метри од селото Шашаварлија кога со моторот удрил во запрежна кола и излетал од патот.

Помош побарал од двете лица кои биле во запрежната кола, но наместо тоа, тие жестоко го нападнале, удирајќи го со клоци и тупаници, а потоа и го ограбиле.

Од патот до дома, нападнатиот стигнал тешко, по што најбилските повикале полиција, а него итно го однеле во болница. Лекарскиот преглед кај него констатирал повреди по целото тело, но за среќа опасност по неговиот живот нема.

Полицијата работи на расчистување на случајот, а особено ќе се истражува дали сообраќајната несреќа била случајна или добро испланирана од страна на напаѓачите кој на овој начин чекале жртва.

Најчитани вести