За девет месеци од Германија депортирани 4.500 албански државјани

Во периодот јануари-септември годинава, од Германија депортирани се 4.500 албански државјани, а се очекува да бидат депортирани уште 14 илјади.

„ Ова е процес кој бара одредено време. Не можам да прецизирам верменска рамка за тоа кога овој проблем ќе добие решение,но многу е значајно да се каже дека патот на азилантите до Германија е грешка.На оние кои ќе бидат депортирани може да  им се изрече забрана за влез во траење од пет години“. посочува Сузане Шулц од германската амбасадорка во Тирана.

Годинава,според албанското МВР, бројот на албанските државјани кои заминале,како азиланти во Германија или некоја друга земја членка на ЕУ е видно намален,споредено со изминатите годни.

Инаку, во периодот 2014-2016 година, во некоја од земјите на ЕУ влегле над 118 илјади нелегални емигранти од Албанија. Поголемиот број од нив или 101 илјада биле депортирани,процес кој продолжува