За директор на училиште ќе се бара лиценца

Министерството за образование и наука планира да воспостави построги критериуми за избор на директорите на училиштата, иако тие ги ги именува градоначалник.

Првиот предлог-закон е за обука и испит на директор за основно, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење. Вториот предлог-закон е за стручен испит на наставник, стручен соработник и воспитувач во основно, средно училиште и ученички дом.

Имено, секој потенцијален директор ќе мора да помине низ одредени обуки во 5 модули. По обуките ќе полага испит.

Лиценца за работа на функција “директор на училиште“ ќе добијат најдобрите.

Исто така, идејата која се уште се разгледува е за директор на училиште да не може да биде именуван професор вработен во истото училиште.

Во едно училиште директор може да биде долгогодишен професор, но од друго училиште од иста фела.