Секс

За добар секс јадете темна чоколада!

За добар секс јадете темна чоколада!

Маите ја сметале за храна на боговите, денес ја даваме за подарок за да покажеме љубов, а некои велат дека е одличен афродизијак. Добра е за здравјето и за слабеење.

Темната чоколада содржи повеќе антиоксиданси од млечната затоа што има поголем процент какао. Исто така, има помалку калории и мошне е богата со влакна, што е добро за оние што сакаат да ослабат.

Антиоксидантите го штитат нашиот организам од предвремено стареење и голем број болести, меѓу кои и ракот. Чоколадата содржи серотонин, што делува против депресијата и ендорфин што дава чувство на задоволство.

Чоколадата одамна е позната како афродизијак. Темната чоколада е богата со хемикалијата фенилетиламин за која се верува дека создава чувство на вљубеност.

Истражувањето покажа дека жените што секојдневни консумираат чоколада имаат подобар сексуален живот. Без разлика на благиот вкус, темната чоколада има слаб гликемиски индекс. Тоа значи дека конзумирањето на истото не го крева нивото не шеќери во крвта, што е добра вест за дијабетичарите.

Темната чоколада исто така го штити и здравјето на срцето и кардиоваскуларниот состав. Клиничките истражувања потврдуваат дека неколку коцкички чоколада дневно го намалуваат крвниот притисок, го подобруваат протокот на крвта и спречуваат создавање на тромбови. Чоколадата содржи цел низ витамини и минерали. Богата е со бакар, магнезиум, калциум, калиум и железо.