Македонија

За два дена 15 сообраќајки во Скопје

За два дена 15 сообраќајки во Скопје

Пет лица се потешко повредени, а седум се здобиле со полесни повреди во 15 сообраќајки евидентирани во изминатите два дена на подрачјето на Скопје, пишува МИА.

Сообраќајната полиција вчера извршила увид  осум сообраќајки. Од нив, една е со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, двајца возачи на мопед и еден велосипедист. Случени се и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, возач на мотоцикл, возач и сопатник на мопед, а со телесни повреди се здобил пешак.

Завчера, пак, е извршен увид на седум сообраќајки. Од нив, пет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило.

Во изминатите два дена сообраќајната полиција санкционирала 25 возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и по 11 возачи за непочитување на ограничувањето на брзината на движење и на светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а 28 пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор. Преземени се и 17 мерки по прекршоци кои најчесто ги чинат возачите на велосипед, мотор, мопеди и мотоцикли.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.