За два дена 237 јавувања на „Ало докторе“

Нa 15123 –Ало докторе телефонската линија за медицински совети во изминативе два дена со пресек до 22 часот имало вкупно 237 јавувања. Од овој месец 17 доктори специјалисти вкупно се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Од Здравствениот дом Скопје соопштуваат дека за овие два дена само едно лице било пренасочено кон службата за Итна медицинска помош поради состојбата за која се јавило на 15123. Најголем број од јавувањата на граѓаните за медицински совети биле за совети во врска со крвниот притисок, главоболки и респираторни симптоми.

Денес на дежурство во кол центарот на Ало докторе од 18 до 22 часот ќе биде др. Горан Панчевски, директор на Клиниката за Максилофацијална хирургија, а во утре (сабота) директорката на Здравствен дом Скопје Др. Татјана Баевска-Вучковиќ, специјалист педијатар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.