Македонија

За два дена 322 повици на „Ало докторе!“

За два дена 322 повици на „Ало докторе!“

Телефонската линија за медицински совети за граѓаните во текот на изминативе два дена прими 322 повици.

Во тек на јавувањата, сите граѓани имаат добиено соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, а на оние на кои им било потребно добиле и соодветна симптоматска терапија, известуваат од Здравствениот дом Скопје.

Во текот на вчерашниот ден само едно лице кое се јавило на 15123 му било укажано да ја повика Итната медицинска служба.

Од Здравствениот дом додаваат дека во најголем број јавувањата биле за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, како и покачена телесна температура.

Овие два дена дежурни доктори биле др. Ленче Неловска, директорка на Геронтолошкиот завод 13 Ноември и др. Мендуѓх Јегени, директор на Специјалната болница за гинекологија и акушерство.

Во следните два дена дежурни доктори ќе бидат др. Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата и др. Живка Јордановска, од Заводот за слух, говор и глас.