За два дена 330 јавувања на телефонската линија „Ало докторе“

Телефонска линија за медицински совети 15123 –Ало докторе во изминативе два дена 19.10.2014 година  и 20.10.2014 година со пресек до 22 часот имаше вкупно 330 јавувања.

Јавувањата на линијата„ Ало докторе“  се од граѓани од сите градови на Македонија.

17 доктори- специјалисти   се  достапни за  граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет  и соодветна симптоматска терапија.

Во изминативе два дена 19.10.2014 година и 20.10.2014 на сите 330 лица поради здравствената состојба за која ја побарале линијата „Ало докторе“ од страна на дежурните доктори специјалисти им е даден медицински совет ,ако било потребно и симптоматска терапија и  неколку совети на граѓаните како преку  “мој термин” најбрзо да извршат одреден  преглед- неопходен за нивната здравствена состојба.

Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните за медицински совет на телефонската линија 15123-ало докторе ! биле за  здравствени совети во  врска со фебрилни состојби и настинки, притисок,главоболки и кардиоваскуларни  симптоми.

Денес на дежурство во кол центарот на ало докторе од 18 до 22 часот ќе биде  проф.др.Игор Кузмановски   –директор на Клиниката за неврологија, а во среда  на  22.10.2014 година  ,за медицински совет ќе биде достапен проф.др.Александар Чапаровски  директор  на  Клиниката за  неврохирургија.