За два дена 391 јавување на „Ало докторе!“

На телефонската линија „Ало докторе“ за медицински совети во текот на изминатиов викенд 25.10.2014 година и 26.10.2014 година со пресек до 22 часот имаше вкупно 391 јавувања.

Телефонската линија 15123 е достапна 24 часа со 17 доктори специјалисти од различни области.

На сите граѓани кои се јавиле во повикувачкиот центар „Ало докторе“ им е даден медицински совет од страна на дежурните доктори и во некои случаи потребна симптоматска терапија.

Јавувањата на линијата за медисцински совет се со широк спектар на најразлична симптоматологија.

Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните за медицински совет на телефонската линија 15123 биле за здравствени совети во врска со стомачни тегоби , високи телесни температури, покачен крвен притисок, респираторни симптоми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.