За два месеци над 1, 3 милиони упати креирани во Мој термин

За два месеца, односно од почетокот на годинава до сега, креирани се вкупно 1.313.000 упати, покажуваат податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството – МојТермин.

Околу 670.000 упати, односно повеќе од половина од вкупниот број креирани упати се специјалистички, додека останатите се: 301.000 лабораториски упати, 120.000 упати за радиодијагностика, 115.000 интерспецијалистички упати, како и упати за микробиологија, болнички упати, упати за операција, конзилијарно мислење, нуклеарна медицина, и хемодијализа.

Според податоците од системот МојТермин, најголем број пациенти од почетокот на годинава се упатени на интерна медицина, офталмологија и микробиологија.