За два месеци погинале 125 војници во Украина

Виталиј Јерем, потпретседателот на украинската Влада, изјави дека 125 припадници на украинската војска погинале во антитерористичките акции на истокот на земјата за два месеци. Меѓу загинатите се војници, граничари, полицајци, како и припадници на безбедносните служби.

Граничната служба објавила дека 31 припадник се ранети кога пропуските сепаратисти ја нападнале контролната караула во Доњецк.

Андриј Парубиј, директор на безбедносната служба проценил дека на истокот на земјата има помеѓу 15 и 20 илјади вооружени терористи, и дека 50 отсто од нив се пристигнати од Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.