четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

За две години, 7 милиони евра во инфраструктурни проекти во Општина Илинден

Во општина Илинден за само две години ќе бидат инвестирани 7 милиони евра само во инфраструктурата. Од овие 7 милиони евра, половина ќе се инвестирани од страна на Владата а половина од самата општина.

gruevski-1.jpg2_-1-640x393

Поврзани вести

Во општина Илинден за само две години ќе бидат инвестирани 7 милиони евра само во инфраструктурата. Од овие 7 милиони евра, половина ќе се инвестирани од страна на Владата а половина од самата општина.

Еден од последните инфрастуктурни проекти во општина Илинден е рехабилитацијата на локалниот пат Илинден-Марино во должина од 2.100 метри.

Проектот за рехабилитација на локалниот пат е во вредност од 22 милиони денари, од кои 14.500.000 се финансирани преку Платежна Агенција, а 7.500.000 преку општината.

gruevski-7-640x352

Патот денеска и официјално се пушти во употреба, а таму присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во придружба на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Ова е дел од еден поголем пакет и градежна експанзија која во последните 2 години се случува во општина Илинден. Во последните година ипол во општината се инвестирани околу 3,6 милиони евра во инфраструктурни проекти, а до крајот на оваа година ќе бидат инвестирани уште 3,5 милиони евра. Тоа значи дека за вкупно 2 години 7 милиони и 100.000 евра се инвестирани во општина Илинден се инвестирани во локални патишта, канализација, водоводи, рече при посетата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Само во 2016 година, во општина Илинден ќе се изградат вкупно 20 км главни и споредни улици во сите населени места, инвестиции во вредност од 120.000.000 денари.

gruevski-1.jpg3_-1-640x471

Во моментов се работи во Марино и пречистителната станица е во заврна фаза и планираме во октомври да биде пуштена во употреба, за понатаму да продолжиме во Кадино, Мралино, и Миладиновци за во 2017 година, рече градоначалникот Стојановски.

Исто така, како што истакна градоначалникот Стојановски, планирани за изградба се и 7 мостови како и два домови на културата.

Најчитани вести