За две години умреа 23 од 25-те специјалци кои го убија Бин Ладен

Според нивните семејствата тие жртви на атентат. Тие ја обвинуваат Белата куќа дека ја прикрива вистината за нивната смрт.

Две години по смртта на Бин Ладен, од 25-те припадници на елитната единица кои учествуваа во акцијата, загинале дури 23 во различни несреќи. Живи се само уште двајца.

Само три месеца по акцијата, животот го загубија 17 припадници на оваа единица во хеликоптерска несреќа во Авганистан. Семејствата на жртвите тврдат дека за нивната смрт е одговорен Вашингтон затоа што талибанците на време добиле детални информации за летот кои им биле потребни за уривање на леталото.

Во неколку инциденти кои потоа следувале загинале уште шест други припадници на елитната единица „Тим шест“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.