четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 51

За две недели НАТО „пристигнува“ во Тирана

nato

Последни вести

Пратеникот на владејачката Социјалистичка партија на Албанија и претседател на албанската делегација во НАТО, Пандели Мајко најави дека за две недели во Тирана првпат ќе се одржи заседание на Парламентарното собрание на Алијансата, на кое ќе учествуваат 700 пратеници.

– Албанија како земја членка на НАТО ќе го пречека Парламенарното собрание на НАТО. Неговото одржување во Тирана е еден квалитет во промената на меѓународниот статус на Албанија. Ова е прва средба на Парламентарото собрание на НАТО што се одржува во нашата земја, изјави Мајко.

Како што јави дописникот на МИА, Парламентарното собрание на НАТО ќе заседава од 27 до 29 мај. Во текот на трите дена, според Мајко, ќе стане збор за тешките предизвици на Алијасата во иднина.

Албанија, заедно со Хрватска, доби покана за членство во НАТО во 2008 година на Самитот на Северноатланската алијанса во Букурешт.

Најчитани вести