сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

За еден ден 11 сообраќајки во Скопје

soobrakajki

Поврзани вести

Единаесет сообраќајки се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје.

Пет од сообраќајките се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и четворица пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 55 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење, 27 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и девет возачи кои за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 86 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство пешаци.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Живко Брајковски“ кое се наоѓа во општина Бутел, со учениците од второ одделение.

Со почеток во 19 часот и 30 минути во „Метрополис“ арената ќе се одржи културната манифестација „Златна Буба Мара на популарноста“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Најчитани вести