Крими хроника

За еден ден девет сообраќајки во Скопје

За еден ден девет сообраќајки во Скопје

Од страна на сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и пет се со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило и двајца сопатници.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 15 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

За денешниов ден нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.