За еден ден ограбени обложувалница и училиште во Скопје

Арамиите работат со полна пареа, ограбени спортска обложувалница и основно училиште.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера разбојник ја ограбил спортската обложувалница „Моцарт“ на улицата Сречко Пужалка. Тој и се заканил  со пиштол на  вработената и одземал  околу 55.000 денари.

Истиот ден, арамија провалил во училиштето „Дане Крапчев“ на улица Маџари. Откако насилно ја отворил вратата, влегол во една канцеларија од каде украл телевизор и компјутер.

Скопската полицијата трага по крадците кои избегале во непознат правец.