За еден ден – шест сообраќајќи во Скопје и едно загинато лице

Изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди. Во сообраќајката што се случила во 16.10 часот на улицата Ф. Рузвелт загинало едно лице. Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „ауди А4“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и еден пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата пешакот им подлегнал на повредите.

Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 29 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 13 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, кои не го користеле безбедниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото, како и со возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи предавања со децата од предучилишна возраст во детската градинка „Срничка“, во објектите „Лале“ и „Бамби“ кои се наоѓаат на територијата на општина Аеродром.

Денеска со почеток во 20 часот и 45 минути на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Луксембург. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а од 16 часот на крстосницата од ул. „Ј. Х. Џинот“ и „М. Трети“ кон стадионот ќе се врши непречено пропуштање на возилата со посебни пропусници. Во оваа прилика до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на фудбалскиот натпревар сообраќајната полиција апелира да ги користат возилата на јавниот превоз, а доколку дојдат со сопствено возило истите да ги паркираат на паркинг-просторот на ул. „Лазар Личеноски“ под тврдината Кале или на паркинг-просторите во централното градско подрачје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.