За еден издадени 718 потврди на мигранти

migranti makedonija grcija srbija ungarija

Вкупно 718 потврди на мигранти се издадени од страна на МВР во изминатите 24 часа. Од нив 479 се издадени на мажи, 91 на жени, 100 на деца кои го придружуваат носителот на потврдата и на уште 48 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се државјаните на Сирија-476,  Авганистан –217, Пакистан-15, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06. до 14.09. издадени се потврди на вкупно 75.804 странски државјани, од кои, 50.634 се од машки пол, 10.428 се од женски, 12.515 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.227 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-61.505, потоа Авганистан-4.887, Ирак-3.544, Пакистан-2.047 Палестина-842, Сомалија-592, Бангладеж-506, Конго-328, Иран-274, Нигерија-210, Камерун-163 Еритреја-154, Етиопија-118, Судан-108, додека останатите се во помал број.

Во текот на вчерашниот ден не се поднесени барања за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 14.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13.09.2015 година евидентирани се вкупно 6 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита едно малолетно лице, без придружба на старател е згриженo на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.