За еден отсто зголемена просечната нето плата

Просечната нето плата во септември годинава изнесувала 21.278 денари и бележи зголемување од еден отсто во однос на септември 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „уметност, забава и рекреација“ од 7,8 отсто, „градежништвото“ 7 отсто и „рударството и вадење на камен“ од 6,6 проценти.

Зголемување на просечната нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите „земјоделство, шумарство и рибарство“ од 3,5 отсто, „преработувачка индустрија“ од 2,4 отсто и во „ градежништвото“ од 1,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември годинава просечната месечна бруто-плата по вработен изнесувала 31.169 денари.

Во овој месец, 0,9 отсто од вработените не примиле плата.