За една година грчката полиција запленила 13 тони марихуана од Албанија

Според полициската статистика, станува збор за запленета дрога во перодот  од февруари 2016 до февруари годинава.

 Загрижувачки е трендот на постојан раст на шверцот со наркотични растенија, бидејќи грчките граѓани главно се корисници на лесни дроги, како што е марихуната, која главно стигнува од Албанија, како и на екстазите. Хероинот, што приситигнува од Турција, главно транзитира преку Грција за западноевропските земји преку нашите пристаништа, потврди извор од грчката полиција за тиранската телвизија „Топ чанел“.

Истиот извор додава дека и кај „дрогата на богатите“, како што се нарекува кокаинот, има пад во употребате, пред се, поради економските тешкотии низ кои минува Грција.

Во споменатиот период освен 13-те тони марихуана, грчката полиција запленила и 300 килограми чист хероин,125 килограми кокаин, 55.470 садници марихуана и 76.357 дози екстази. Регистрирани се и 12.333 случаи на шверц на дрога во кои се уапсени 16.043 лица.

Инаку, во изминатите два месеца од годинава грчката полиција запленила три тони марихуана, исто така, прошверцувана од Албанија и 106 килограми хероин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.