За една година издадени 220 одобренија за градење во Илинден

Во Општина Илинден во текот на 2014 година издадени се вкупно 220 одобренија за градење, од кои 20 одобренија за изградба на стопански објекти, 20 одобренија за градење за општински инфраструктурни објекти како што се улици, патишта и мостови и 180 одобренија за изградба на станбени објекти.

Вкупниот број на издадени одобренија за градење во 2014 година е за 2,5 пати поголем од издадените одобренија во 2013 година. Истовремено, бројот на издадени одобренија за индивидуални станбени куќи во 2014 година е за 4,5 пати поголем во споредба со 2013 година.

DSC_1307 - odobrenija za gradba-1

Со издавањето на одобренија за градење само во 2014 година, се овозможи изградба на индивидуални станбени објекти и стопански објекти со намена за лесна и незагадувачка индустрија како што се: откупен центар со ладилник за овошје и зеленчук, фабрика за производство на кондиторски производи, погон за текстил, производство со прехранбена индустрија, магацин со станица за технички преглед, постројка за производство на дизел гориво, производство на челични профили, производство, пакување и дистрибуциија на амбалажа, фотонапонска сончева централа, стовариште за бои и лакови, две станбени згради, станбено деловна зграда, како и хотелско–угостителски комплекс и парна котлара, во локалните економски зони во Општина Илинден.