За една недела 1.052 јавувања на Ало Докторе!

Вкупно 27.815 повици се реализирани на телефонската линија 02/15 123 или Ало Докторе! од септември до сега, каде може да се добие медицински совет.

Во изминатата недела регистрирани се 1.052 повици.

На Граѓаните достапни им се 20 доктори се достапни за медицински совет.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија Ало Докторе! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија .

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија ,кардиоваскуларни , респираторни симптоми ,кашлица ,настинки ,покачена телесна температура,стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот Ало Докторе! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Др.Сузана Двојаковска од Клиниката за максилофацијална хирургија ќе биде денес од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе!,а утре 17.03.2015 година Др.Татјана Баевска-Вучковиќ Директорка на Здравствен Дом Скопје . На 18.03.2015 год. во кол центарот Ало докторе! Проф.Др.Никола Николовски Директор на Клиниката за уво ,нос и грло ,на 19.03.2015 четврток Др.Слободан Ѓоргиовски од Здравствена Станица Универзитет Св.Кирил и Методиј и во петок на 20.03.2015 год. Проф.Др.Ќаева Бисерка од Клиниката за пулмологија и алергологија.

Во сабота 21.03.2015 на 02/15123 од 18 ч до 22 часот Др.Смиља Туџарова Директорка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на 22.03.2015 год. Проф.Др.Михаил Пенев од Клиниката за урологија.