За една недела 1.200 јавувања на Ало Докторе!

Вкупно 20.155 повици се реализирани на телефонската линија 02/15 123, започнувајќи од 15.09.2014 година, до сега на линија за медицински совет АЛО ДОКТОРЕ !

Во изминатите седум дена се регистрирани 1.200 повици во кои пациентите побарале медицинска помош.

На оваа телефонска линија се 22 доктори се достапни за медицински совет ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија на АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија доколку било потребно. Поради здравствената состојба за која ја повикале линијата Ало докторе ! на три лица повикот им беше пренасочен кон Службата за Итна медицинска помош 194!

Јавувањата, најчесто во изминатава седмица, се за респираторни симптоми ,кашлица ,настинки ,покачена телесна температура,стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот АЛО ДОКТОРЕ ! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Ова се докторите кои се дежурни оваа недела

Доц.Др.Славчо Стојменски-Директор на Клиниката за трауматологија ќе биде дежурен денеска од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе!,а утре Др.Сузана Двојаковскаод Клиниката за максилофацијална хирургија.

На 04.02.2015 год. во кол центарот Ало докторе!дежурна е Др.Татјана Баевска-Вучковиќ спец.педијатар -Директорка на Здравствен Дом Скопје, на 05.02.2015 четврток Проф.Др.Никола Николовски, Директор на Клиниката за уво нос и грло, а во петок на 06.02.2015 год.Др.Слободан Ѓеоргиевски од ЈЗО Здравствена станицаУниверзитет Св.Кирил и Методиј.

Во сабота на 07.02.2015 на 02/15123 повиците ќе ги прима Проф.Др.Бисерка Ќаева од Клиниката за пулмологија и алергологија, а на 08.02.2015 год. Др.Спец.Смиља Туџарова Директорка на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.