За една недела 1.270 повици на Ало докторе

Вкупно 1.270 повици на линијата за медицински совет Ало докторе во текот на изминатата недела.

Од почетокот на проектот се регистрирани вкупно 54.163  повици на линијата 02/15 123.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори вкупно се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми ,главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

На сите оние лица кои  побараа медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.