петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 17

За една недела 1.322 повици на Ало докторе

ало докторе

Поврзани вести

Вкупно 1.322 повици имало на телефонската линија 02/15123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатите седум дена.

Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 69.560 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемена телесна температура, настинки и кашлици предизивикани од студеното време.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчитани вести