За една недела 1.409 повици на „Ало докторе“

Во изминатата недела  од  14.09.2015 година до  20.09.2015 година на линијата „Ало докторе“ регистрирании се 1.409 повици.

Од 15.09.2014 година од  кога започна да работи телефонската линија, досега има 53.109 повици.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Од први септември линијата  e засилена со тројца нови специјалисти. 25  Доктори  вкупно   се достапни за медицински совет  за  јавувањата  кои се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Повиците се  со широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус  и симптомна болка.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.