Македонија

За една недела 855 лица побарале совет на линијата Ало докторе!

За една недела 855 лица побарале совет на линијата Ало докторе!

Во текот на минатата седмица 855 граѓани се јавиле на телефонската линија за медицински совет  Ало Докторе! Од 15-ти септември 2014-та година, од кога започна да работи телефонската линија вкупно се јавиле 34.834 граѓани.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија  Ало Докторе! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија .

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија , симптомна болка, кардиоваскуларни  и респираторни симптоми  од променливите временски услови .

Во кол центарот Ало Докторе!  секој ден од 18 до 22 часот  за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Денес од 18 до 22 часот  на линијата Ало докторе !  за медицински совет ќе биде достапeн Директорот  на Клиника за  детска хирургија  Др.Ристо Симеонов, а утре  12.05.2015 година  Др.Емилија Велкова од Републичкиот завод за трансфузиологија . На  13.05.2015 год. во кол центарот Ало докторе!  Проф.Др.Зоран Спировски  од  Клиниката за торакално васкуларна хирургија, на 14.05.2015 г. Проф.Др.Игор Кузмановски Директор на клиниката за неврологија  и во петок на  15.05.2015г. Проф.Др.Александар  Чапароски   Директор на  Клиниката за  нефрохирургија.

Во сабота  16.05.2015  год. на 02/15123  од 18 ч до 22 часот  Проф.Др.Сашо Караѓозов   Директор   на  Клиниката за  дигестивна хирургија  и на  17.05.2015 год.  Др.Соња Кузмановска  од Институтот за клиничка биохемија.