За една недела 990 граѓани побарале медицински совет на линијата Ало Докторе!

Oд 15.09.2014 година  НА 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  Ало Докторе! Досега вкупно се јавиле 33.230 граѓани.

За една  седмица од 20.04.2015 година до 26.04.2015 година за медицински совет се јавиле 990 граѓани.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 21 доктори ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија  Ало Докторе! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија .

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија , симптомна болка, кардиоваскуларни  и респираторни симптоми  од променливите временски услови и совети за алергиите кои се доста присутни во овој период од годината.

Во кол центарот Ало Докторе!  секој ден од 18 до 22 часот  за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Денес од 18 до 22 часот  на линијата Ало докторе !  за медицински совет ќе биде достапна Директорката на Здравствен Дом Скопје  Др.Татјана Баевска-Вучковиќ  спец.педијатар  ,а утре  28.04.2015 година  Проф.Др.Никола Николовски    Директор на   Клиниката за уво нос и грло.

На  29.04.2015 год. во кол центарот Ало докторе!  Др.Слободан Ѓоргиевски  од  Здравствена станица  Универзитет Св.Кирил и Методиј, на 30.04.2015 г. Проф.Др.Ќаева Бисерка од  Клиниката за пулмологија и алергологија и во петок на  01.05.2015г.   Др.спец.Смиља Туџарова   Директорка на  Клиниката за  пластична и реконструктивна хирургија.

Во сабота  02.05.2015  год. на 02/15123  од 18 ч до 22 часот  Проф.Др.Михаил Пенев  Директор   на  Клиниката за  урологија  и на  03.05.2015 год.  Др.Милан Ристевски  од Институтот за радиотерапија  и онкологија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.