За една недела над 5.000 нови случаи на заболени во грип

Нови 5.040 случаи на грип пријавени за една недела, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје.

Ова претставува раст од речиси 20 проценти во однос на претходната недела, или за 2,4 пати повеќе во однос на истиот период лани.

Најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години, а во изминатава недела најпогодени биле децата и учениците.

Најголем дел од пријавените случаи се во Струмица, па следуваат Велес, Скопје и Битола.