За една недела пет странски компании ги промовираа своите инвестиции

За неполна недела пет странски компании ги промовираа своите инвестиции во земјава. Сите заедно ќе реализираат инвестиции во вкупна вредност од 71 милион евра, а ќе се отворат 1450 нови работни места, пишува Лидер.

Отворена фабрика во битолско Кравари

Во битолското село Кравари во саботата почна со работа новоотворената фабрика за производство на чипс. Во вторникот, Владата и индиската групација БРГ во Велес го потпишаа договор за реализација на инвестиција во која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“. Германската компанија German Electro-Mechatronic Systems (GES) во средата го потпиша договорот за реализација на инвестицијата. Вчера во Прилеп почна со изградба фабрика на германската компанија Акомпласт. Инвестицијата на италијанската „Кондоте“ која ќе гради хидроелектрани во Македонија изнесува вкупно 19 милиони евра.

Новата фабрика за производство на чипс е браунфилд инвестиција од страна на наш иселеник од Австралија кој решил да инвестира во земјава поради добрите услови за бизнис. Инвестицијата изнесува 3 милиони евра, а за неколку години планирано е да се вработат 100 лица.

Многу наши луѓето кои во минатото сакаа своето занење и својот тешко заработен капитал да го вложат во својата татковина, а беа соочени со бројни потешкотии и недоразбирања. Сепак оваа Влада ја промени таквата слика и повеќе години наназад ние интензивно работиме на зацврстувањето на релациите со македонската дијаспора и нејзино анимирање за вклучување во актуелните општествени политички реформски и бизнис процеси во Македонија. Инвестицијата се проценува на околу 3 милиони евра, а во неколку години планирано е да се вработат околу 100 лица. Она што е од особено значење е тоа што ова ќе биде прво македонско производство на чипс од свеж компир и ќе значи голем број индиректни работни места, соработка со повеќе домашни фирми и откуп на поголеми количини компир од македонските производители. Севкупно ова е одличен пример кој верувам дека ќе придонесе и многу други Македонци да најдат свој интерес за инвестирање во Македонија, истакна Груевски.

Фабрика за чипс во Кравари - нова браунд филд инвестиција
Фабрика за чипс во Кравари – нова браунд филд инвестиција

За да се вратиме од Австралија и да инвестираме во Македонија бевме поттикнати од добрите мерки на Владата на РМ и нивниот добар однос кон инвеститорите. Лично се заблагодарувам на премиерот и неговата администрација за поддршката во реализацијата на овој проект. Иако оваа инвестиција не е голема сепак вие ни давате поддршка и во текот на реализацијата на овој проект наидовме на разбирање и заемно почитување со што во голема мера ни ја олеснивте нашата работа. Ние тука ќе произведуваме чипс кој засега во Македонија се обезбедува само од увоз, а Македонија е голем производител на компири. Нашата намера е со производствената линија да обезбедиме преработка на пет илјади тони компири. Нашиот чипс во прво време ќе се продава на пазарот во Македонија, а потоа и да го извезувме и на пазарите во Европа но и во Австралија каде што нашинците го очекуваат овој македонски приоизвод со нетрпение, рече Мирчевски.

Велешка „Порцеланка“ ќе се врати во живот со 1.000 нови вработувања

Договорот…