За една недела пет странски компании ги промовираа своите инвестиции

Во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци почна со изградба фабриката на германската компанија „Акомпласт“. Станува збор за инвестиција вредна три милиони евра која ќе овозможи 150 вработувања. Во објектот, кој треба да биде завршен на лето, ќе се произведуваат делови за автомобили по најсовремена технологија кои ќе бидат наменети за европскиот пазар и големите автомобилски брендови како што се „БМВ“, „дајмлер“, „ауди“,„фолксваген“, „мерцедес“, „бентли“, „јагуар“. На отпочнувањето на градбата присуствуваше премиерот Никола Груевски кој истакна дека ова е петта инвестиција во државата која се промовира за само пет дена и изрази надеж дека свое вработување ќе најдат голем број млади од техничките струки од Прилеп и околината.

„Акомпласт“ во Прилеп ќе произведува делови за „БМВ“, „Мерцедес“, „Бентли“, „Јагуар“, ќе има 150 нови вработувања
„Акомпласт“ во Прилеп ќе произведува делови за „БМВ“, „Мерцедес“, „Бентли“, „Јагуар“, ќе има 150 нови вработувања

Навистина радува фактот што бизнис климата која што ја создадовме сите овие години и интересот што успеавме да го разбудиме кај компаниите од целиот свет ни овозможуваат постојано да имаме вакви прекрасни настани со странски инвеститори. Порано се сметаше за успех доколку нова странска инвестиција во Македонија се појави во две или три години еднаш. Денес странските инвеститори се тука скоро секој ден. Постојано комуницираме, преговараме, ги информираме и помагаме. Благодарение на таквата наша работа ни се случуваат вакви циклуси во кои речиси секој ден означуваме нова инвестиција во Македонија. Тоа јасно говори за реформите кои ги спроведуваме и за имиџот којшто го создадовме за нашата земја. Тоа јасно говори и за темпото и динамиката со кои работиме. Така ќе продолжиме и во иднина, порача премиерот Груевски.

Претставникот на Акомпласт и управител на нивната компанија формирана во Македонија „Инџекшн холдинг Прилеп“ Инес Андре истакна дека одлуката за инвестирање во Прилеп ја донеле бидејќи тука им биле понудени најдобри услови и поради добро обучениот кадар, како и отвореноста за соработка на Владата.

Франк Михаелис…