Македонија

За една недела регистрирани 1.210 повици на Ало Докторе!

За една недела регистрирани 1.210 повици на Ало Докторе!

Вкупно 22.661 повик се регистрирани во изминатите пет месеци НА 02/15 123 од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет АЛО ДОКТОРЕ !

Во изминатите седум дена регистрирани се 1.210 повици седум дена од 09.02.2015 година до 15.02.2015 година за медицинска помош.

Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Јавувањата изминатава недела најчесто се состоела од широк спектар на најризлична симптоматологија ,кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот АЛО ДОКТОРЕ ! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Проф.Др.Лидија Чевревска од Клиниката за хематологија ќе биде денес од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе!,а утре Проф.Др.Звонко Миленковиќ Директор на клиниката за инфективни и фебрилни состојби. На18 .02.2015 год. во кол центарот Ало докторе! Др.Ристо Симеонов од Клиниката за детска хирургија, на 19.02.2015 четврток Др.Емилија Велкова од Републички завод за трансфузиологија и во петок на 20.02.2015 год.Проф.Др.Зоран Спировски Директор на Клиниката за торакално васкуларна хирургија.

Во сабота21.02.2015 на 02/15123 од 18 ч до 22 часот Проф.Др.Игор Кузмановски Директор на Клиниката за неврологија и на 22.02.2015 год. Проф.Др.Чапаровски од Клиниката за неврохирургија.