За една недела регистрирани 1.543 повици на „Ало докторе“

„ало докторе“

Oд  кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  АЛО ДОКТОРЕ, 15.9.2014 година, на 02/15 123 регистрирани се вкупно 134.982 повици.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори  вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто  за  респираторни симптоми, покачена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици .

На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.