Македонија,Крими хроника

За една ноќ запалени три возила во Битола

За една ноќ запалени три возила во Битола

Три возила на различни локации се запалени ноќеска во периодот од 23,30 до 2.20 часот во Битола, јавува битолската Тера телевизија.

Според информациите од полицијата, запалени се џип „лада нива“ и „УАЗ“ на улицата Охридска, „шкода“ на булеварот Први мај.

„ На сите три возила опожарена е внатрешноста. Во битолската полиција било пријавено од страна на граѓани. Извршен е увид. Полицијата работи по одреден сомненија” вели за Тера Телевизија Магдалена Димитровска портпарол на СВР Битола.

Во гасењето на опожарените возила учествувала и противпожарната едница на Битола.

Ова не е прв пат да се палат возила низ градот. Пред извесно време ваков настан имаше во Нова Битола, а пред неколку месеци две возила речиси целосно изгореа на булеварот Први Мај.