За една седмица над 900 граѓани побарале помош на линијата Ало Докторе!

Oд 15.09.2014 година  НА 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  Ало Докторе! досега се јавиле вкупно 37.222 граѓани.

За една  седмица од 25.05.2015 година до 31.05.2015 година медицински совет побарале вкупно 935  граѓани.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни 22 доктори,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија  Ало Докторе! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија .

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија , симптомна болка, кардиоваскуларни  и респираторни симптоми  од променливите временски услови.