Спорт

За едно соборено дрво 18 август адинг успеа да “извади бод” со Работнички

За едно соборено дрво 18 август адинг успеа да “извади бод” со Работнички

Деновиве продолжија возбудувањата од Македонската кугларска лига со одигрување на два натпревари.

Вистинско дерби и неивесен натпревар до крај во кугланата “Мусандра” во ГТЦ, одиграа екипите на 18 Август АДИНГ и Работнички. Во крајно неизвесен натпревар, победата на тимот на Работнички во поединечните предметки и предност од 4:2 не беа доволни и за конечен триумф, бидејќи екипата на 18 Август АДИНГ во вкупниот резултат на соборени дрва имаше подобар резултат за 1 дрво, поточно релузтат од 3254-3253, кој беа доволни за два поени и вкупен резултат и реми од 4:4.

Шампионот на Македонија Макпетрол продолжува со серијата на победи, овојпат совладувајќи ја екипата на Империјал Тобако. Натпреварот заврши со резултат 6:2, со резултат на вкупно соборени дрва 3369 наспроти 2972.

Последните два натпревари од шестото коло ќе се одиграат утре /22.11.2014 година, сабота/:

ХЕРАКЛЕА – ВАРДАР 2014 – 11 часот, спортска сала “Младост”, Битола
ГТЦ-МАКЕДОНИЈА – 10 часот, куглана “Мусандра”, ГТЦ Скопје

Со одигрувањето на овие два натпревари, ја имаме следната состојба на табелата:

Место ЕКИПА Вкупно одиграни натпревари Победа Нерешено пораз Бодовна состојба
1. МАКПЕТРОЛ 6 6 0 0 12
2. РАБОТНИЧКИ 6 4 1 1 9
3. ВАРДАР 2014 5 2 1 2 5
4. “ХЕРАКЛЕА” 5 2 1 2 5
5. 18 АВГУСТ АДИНГ 6 2 1 3 5
6. “ГТЦ-СКОПЈЕ” 5 1 2 2 4
7. ИМПЕРИАЛ ТОБАКО 6 2 0 4 4
8. МАКЕДОНИЈА 5 0 0 5 0