За глас повеќе СДСМ без срам ги напаѓа македонските херои

Во обидите за привлекување што е можно повеќе гласови, СДСМ ги напаѓа македонските херои како што е Јохан Тарчуловски, човекот кој прв застана на браникот на државата, а тоа е срам за државата.
Вака политичките аналитичари го коментираат статусот на еден од членовите на СДСМ, кој е и дел од кандидатските листи за пратеници од оваа партија во втората изборна единица Мухамед Зекири.

„Не само криминалци, туку и воени злосторници се на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, партнерот на ДУИ“ . В
аков статус објави Зекири обраќајќи се со навреди кон Јохан Тарчуловски, кој исто така е кандидиран во двојката од ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките аналитичари го осудуваат ваквиот говор на омраза, посочувајќи дека Зекири на терен под албанското и партиското знаме на СДСМ се обидува да го велича Адем Јашари, основачот на УЧК, а да го навредува Македонскиот херој.
За СДСМ албанските гласови се повредни од државата, безбедноста, народот и националниот идентитет, коментираат аналитичарите.

„Зоран Заев во обид да добие што повеќе албански гласови, бидејќи гледа дека не му оди од рака таа стратегија, бидејќи Албанците се конзервативно определено гласачко тело и си гласаат за албанските партии. Заев според мене повеќе не знае на која карта да игра и вложува се во кампањата, па можеме дури да видиме и како ги напаѓа македонските херои како што е Јохан Тарчуловски, човекот кој прв застана на браникот на Македонија кога беше конфликтот во 2001 година, човекот кој одлежа затвор за Македонија, човекот кој беше искодошен и тој човек денеска од СДСМ го претставуваат како таканаречен воен злосторник, што е срам за државата и тоа доволно кажува за таа политичка партија и нејзиниот лидер“, посочува аналитичарот Никола Србов.
Од раководството на опозициската СДСМ, пак воопшто не се оградија од ваквата реторика од страна на нивниот кандидат за пратеник Мухамед Зекири, кој важи за поддржувач на вахабистичката идеологија и радикалниот ислам, што според аналитичарите јасно ги отсликува интересите на социјалдемократите и нивниот лидер Зоран Заев.

Но, ваквото однесување на лидерот на опозицијата, воопшто не зачудува, ако се знае дека токму тој застана под знамето и името на Адем Јашари, основачот на УЧК, терористичка организација против која се бореше Тарчуловски. Освен тоа Заев заедно со генералниот секретар на партијата и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, без срам правеа сефи со терористите во „Диво Насеље“, газејќи врз крвта на полицајците кои ги загубија животите за време на дводневните престрелки во кумановската населба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.