За гласање досега се пријавиле 1.011 македонски граѓани од странство

Заклучно до 14 часот денеска вкупно 1.011 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори.

Од пријавите, 515 се прифатени, 32 се одбиени, додека 464 се во фаза на обработка.

Од Државната изборна комисија соопштуваат дека пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии ќе трае до 11 ноември 2016 година.

Комисијата ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство да се пријават за гласање за претстојните избори и информира дека пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.