За граѓаните ВМРО-ДПМНЕ има подобар политички кадар од СДСМ

За граѓаните ВМРО-ДПМНЕ има подобар политички кадар од СДСМ

Дури 52,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ има подобар политички кадар од СДСМ.

kadar

Реномираната независна агенција за истражување на јавното мислење „Брима галуп“, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 29 октомври до 3 ноември 2015 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1.007 испитаници.

Повеќе од двојно од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобар политички кадар.

На прашањето: Која партија има подобар политички кадар, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 52,9 проценти, а заСДСМ се изјасниле 23,3 проценти.

Одбиле да одговорат 4,3 проценти, а 19,5 проценти одговориле со Не знам.

Независната агенција за истражување на јавното мислење „Брима галуп“ е една од најреномираните агенции за истражување на јавното мислење, која во согласност со своето досегашно работно искуство од реализирани повеќе од 500 истражувања и во согласност со точноста на изработените резултати, претставува една од најверодостојните агенции за истражување на јавното мислење.

„Брима галуп“ работи за Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, кој се занимава со испитување на јавното мислење.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.