За Гвардиола, Робен е најдобриот напаѓач на Баерн (М)

Иако во поголемиот дел од сезоната, на располагање ги имаше услугите на Марио Манџукиќ, Томас Милер и Клаудио Пизаро, предводникот на сеуште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Пеп Гвардиола го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека Ариен Робен е најдобриот напаѓач на баварскиот гигант.

„Според мене, Робен е најдобриот напаѓач на Баерн (М) во изминатата сезона. Робен е најважниот напаѓач. Станува збор за фудбалер од светска класа и јас сум презадоволен од неговата игра и од постигнатиот ефект во изминатата сезона. Уживав во заедничката соработка, и многу сум среќен што и двајцата ќе останеме на “Алианс Арена”, изјави трофејниот шпански стручњак.

Со ваквата изјава, Гвардиола испрати јасна порака до напаѓачкото трио Манџукиќ-Милер-Пизаро, дека истото ќе има многу помала минутажа доколку останат во Минхен и по завршувањето на летниот преоден рок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.