За Харадинај корекција на границите е опасен експеримент

Секоја промена и корекцијата на границите е опасен експеримент и со тие иницијативи мора да се биде многу внимателен, изјави во вторникот премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, откако од пролетва зачестија идеите за размена на територии или промени на границите меѓу Србија и нејзината поранешна јужна покраина.

„Играта со границите и територии е опасен експеримент и ги повикувам сите да бидат внимателни. Секогаш кога ќе започне темата за границата, нема гаранција како тоа ќе заврши, и по сите трагедии, Косово не може да си го дозволи тој луксуз“, рече Харадинај

Коментирајќи го предлогот на политичките водачи на Албанците од југот на Србија дека Собранието да усвои резолуција за спојување на тие општини со Косово, Харадинај нагласи дека при секое отворање на гранични прашања не е сигурно какви трагедии може да произлезат од тоа и во чија полза тоаќе заврши. Истакна дека изолацијата на Косово е многу поголем проблем од посетата на Александар Вучиќ и прашањата за корекција на границите