За изборите, за Бејли и за неговите слуги

Ајде сега да почнеме со ред.

За изборите.

Испровоцирани се како предвремени со една единствена цел: по криминално-терористички пат насилно да се видоизмени изборната политичка волја на мнозинското население, кое го сочинуваат Македонци и припадници на оние малцинства што Република Македонија ја чувствуваат како своја татковнина. Со операцијата цели две години раководеше американската амбасада, а по налог на официјален Вашингтон раководен од еден монструозен фашистичко-тоталитарен и милитантен комплот. И, се разбира, со помош на нејзините европски инсталации ОБСЕ/ОДИХР и ЕУ.

Kако домицилни контрактори на овој криминоген терористички картел, ЦИА го ангажира дивото месо израстено на македонскиот колективен и национален организам, а под името СДСМ. Се работи за политичка пачавра, за групировка на спонзоруши која нема ни идеал ни темел, а може да ја изнајми кој било еднократно за пари. Тука е и лабораториски одгледаниот големоалбански вирус, кој со амин на криминогените американски политичари на Балканот го имплантира американската варијанта на Хитлеровата СС со име ЦИА и, секако, неизбежната Соросоидна живинарска фарма на која се одгледуваат бројлери кои преумниот идеолог на Доналд Трамп, Ирецот Стив Бренер, ја именува како, нула генерација. Варијанта на фамозната загубена генерација која живееше по кабареата и баровите со посттрауматските последици од Првата светска војна и поради светската економска криза која доведе до Втората светска војна.

Нешто слично на оваа ГМО-шарена генерација без идеали и самосвест. Овие избори не се кредибилни. Тие се последица на изведен преврат со кој раководеше Џес Бејли, а му помагаше ЕУ, Организацијата за безбедност и соработка на Европа и посебно британската амбасада со Чарлс Гарет.

Државата Македонија сардисана од сите страни со држави членки на НАТО, фактички две години беше изложена на закани и уцени од најголемата терористичко-пљачкашка паравоена организација НАТО. Со изборниот процес и со ДИK раководеше лично Џес Бејли. Мониторинг вршеа криминалците од пералната на цијашките пари – „Мост“. Но, и на такви, Македонија и Македонците ги победија моќните стрвинари и пропратните гадинки. Не им помогнаа ни стадата увезени албански гласачи кои ги довлечка албанската мафија по американски налог од Kосово, ни полнетите кутии по налог на Бејли. Но, ни цензурираните медиуми, антиуставниот спреј и фотографиите на гласачите, ни чудесно поништените гласачки ливчиња со заокружен број 1.

Да констатирам:

Во исто време Сирија ги победи овие хуманоидни монструми на воен терен во Алепо, а Македонија на бејлиевските скроени избори. Благодарение на ЦИА, Америка губи на сите фронтови и на секое бојно поле. Брзо доаѓа времето на големите меѓународни судења за воени злостори, за злосторства против човештвото. Многу истакнати цијаши и угледници од американскиот естаблишмент, како и нивните европски корисни идиоти и подопашници ќе бидат ѕвезди на новите нирнбершки процеси. И Бејли ќе конкурира за столче поради Турција и Македонија. Ќе има и куп поднесоци за констатирање изведени преврати, атентати, убиства, масакри, егзодуси, холокаусти во планетава.

И Македонија ќе има што да каже.

Но, сега ни следува истото низ кое поминуваат Американците, оние нормалните на кои овој гангстерско- злосторнички комплот не им го признава политичкиот избор. Добро е да запаметиме дека и Америка, од која сите се плашеа, всушност е најобична банана-држава како и Македонија, ама и останатите на Балканот. И таму ЦИА да ти била паралелна власт. Во војна сме со евро-американскиот неофашизам инсталиран во државните институционални системи преку политиката и образованието. Нема тука мали и големи народи, ами само решителни, одважни и слободарски нации наспроти тренирани глутници психо-социопати. Време е за темелна деамериканизација. Оваа информација првенствено важи за елитата на ВМРО-ДПМНЕ. Ако сака да остане кредибилна партија на Македонците и симбол на автентично прогресивно и хумано движење за слобода, права и правда, нека се врати на учењето на татковците и идеолозите на Илинден, на Гоце Делчев, кој ни остави недвосмислена и вонвременски релевантна порака дека Македонците треба сами да ги решаваат сопствените проблеми и никогаш да не потпаѓаат под туѓо влијание.

Kонечно, и тврдоглавиот Груевски мора…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.