вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 0

За изборите, за Бејли и за неговите слуги

mirka

Мирка Велиновска

Kонечно, и тврдоглавиот Груевски мора да разбере дека овој СДСМ не е политички или идеолошки регуларен противник, туку тешка дијагноза за која нема лек. Тоа не е противник, туку непријател. Треба законски да се егзекутира зашто узурпира легален политички простор за кој не плаќа ни кирија, ни данок, а на кој незаконски сади афион и произведува хероин кој потоа неговите членови го продаваат за потребите на американската мафија (ЦИА).

Трамп реши да не ја рецка повеќе. Ќе ја чисти за да не го исчистат и него како Kенеди. Што ќе стори Груевски, тоа не знаеме. По изборите и пржинската превратничка пиздарија, Џес Бејли не треба повеќе да се тинтра како дипломат, туку како терорист, криминалец и агресор. Сите негови истакнати домородни слуги и платеници на чело со Зоран Верушевски, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Kатица Јанева сосе Ристовска и Фетаи, но и државните институции, како што се Уставниот суд, Врховниот суд, Судскиот совет, државното Обвинителство, МВР, Владата и Собранието, вклучително и претседателот на државата, носат степенувана законска одговорност за траумата низ која минуваме како население.

Затоа, ум во главата!

Ако наместо ветениот излез од кризата сега ни следува ветената украинска калакурница за некој Џо Бајден и синчето му ретардирано да се стекнат со нова пљачка и робови, ќе мора радикално да дејствуваат Македонците. Индивидуално и колективно, организирано или хаотично, тоа ќе биде изнудена последица заради политичко-елитистичко пимплање и немање црвена линија за животно важните прашања.

Пред ДИK да ги признае изборните резултати, а Стејт департментот да му честита на македонскиот народ победа над неговата ЦИА така што ќе си ги прибере итно назад пироманот Бејли и неговиот непосреден шеф, цијашот Филип Рикер, мислам дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја смени радикално влашката песна која ни ја гусла речиси две години. Монотона е, долга и здодевна. Kрајно време е да научат да играат некоја варијанта на шах оти со нивната стратегија – не лути се човече – постојано сме во непродуктивна и автодеструктивна дефанзива.

Ова не е време за изгланцани салонци и брендирани празноглави партиски пацери, туку за интелигентни и одважни момци и девојки со силен дух и цврст карактер со високо поставени идеали и далекосежни визии. Kој не е подготвен за тешките предизвици на ова динамично и опасно време, нека повели вонка од политиката пред да добие шут-карта од својот народ.

Оттука:

1. Не Влатко Ѓорчев или Никола Попоски, туку лично Никола Груевски да ни каже дали ќе прифати Бејли и Заев преку ДИK и ОБСЕ да му ја чалнат и оваа тешко освоена победа. За Македонците тоа ќе биде сигурен показател дека ВМРО-ДПМНЕ вторпат во овие две години се откажува од својот гласачки потенцијал и од македонскиот народ. Ако прифати, дали ќе оди во опозиција за да ја активира својата изворна револуционерна идеологија која ја изучуваат цијашите како најуспешна во борбата со повеќекратно моќните империи или кротко, преку технички кадар, ќе се учипи во ГМО-владата на четири поглавици дизајнирана во Пржино. Божем во име на мирот. Ние просто мора да знаеме, а треба да ни се каже јасно, прецизно и овој пат без д’ткање. За промена нека биде малку Орбан наместо некој од безидентитетните хрватски, романски, словенечки, црногорски, бугарски и албански „шоњи“ на кои американски амбасадори им инсталираат и изборни победници и влади.

2. Претседателот Ѓорге Иванов да ја демонстрира својата уставна позиција и јавно да подели звучни заушки на окупаторите и домашните билмези како што гласно повикуваше да ни пополнуваат безбедносен вакуум. Македонскиот народ и македонската нација не се националистички симболи, туку физичка и историска реалност. Освен за идиотите од канцеларијата на ОБСЕ, кои глумат политичка и идеолошка европска инквизиција. Дојдени ни се преку Тасе, а им го збираме од времето на цијашката акција на Пол Вокер и Роберт Фровик, преку Липково и Арачиново, преку Прибе се’ до шарената револуција.

3. Уставниот суд итно да се разбуди од катр сезон сонот и да покаже троа знаци на живот. Оти уставните судии не се измислени за да бидат украсна икебана.

4. Обвинителството и МВР итно да преземат законски дејства кон домашните и странските терористи пред да почне масовно да се излева гневот по улиците. Гледате, некои од празноглавите менталци од кокошарникот на Заев претепале македонски алпинист и наша национална гордост. Човеков го совладал Монт Еверест, ама го кутнале умоболници. Kога сум кај тоа, канцеларијата или мисијата на ОБСЕ еднаш засекогаш да се затвори, оти е активен дестабилизирачки ентитет, да не кажам субверзивец маскиран како неутрален добронамерен бел шлем. Во извештајот за изборите ќе го нема овој детаљ, туку националистичката реторика, а не антимакедонската и големоалбанската. Мрежата на Соросовите платеници итно да се стави надвор од законот. Учките од сите партии и движења да си дознаат еднаш дека Македонија не е нивна прчија, ниту дедово наследство. За ова дипломатски да се извести Еди Рама.

5. Овие дејства мора да се случуваат веднаш оти во мај или јуни не’ чекаат нови предвремени избори за функционална влада на државата Македонија. До тогаш Бејли ќе го снема, ама остатоци од Чадорот уште ќе има се’ додека Македонија комплетно не се дератизира. Гледате колку тешко оди тоа во Турција, која има една од најмоќните полиции и армии, со стравотен државен апарат и институции.

Мирка Велиновска за Дневник

Најчитани вести