За изградба на патишта предвидени нови 21 милијарда денари

За изградба на патишта предвидени нови 21 милијарда денари
За изградба на патишта предвидени нови 21 милијарда денари

Следната година 21 милијарда денари ќе се издвојат за изградба на патишта, како изградбата на трите автопати Скопје – Штип, Кичево – Охрид и Демир Капија – Смоквица, како и бројни регионални патишта како на пример патот од Радовиш до Штип и од Штип кон Кочани кој ќе почне да се гради следната година и ќе овозможи подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансиии Зоран Ставрески, кој денес е во посета на општина Босилово.

Вицепремиерот истакна дека буџетот за 2016 има силна развојна компонента и историско највисоко ниво на капитални инвестиции во вкупна вредност од 37,5 милијарди денари.

Конкретно, за струмичкиот регион, по изградбата на патот од Струмица до Радовиш, како и експресниот пат од Радовиш до Штип, ќе се подобри конкуреноста на економијата. Како и со изградбата на автопатот од Штип до Скопје, со што од Струмица до Скопје ќе се стига за помалку од еден и пол час. Тоа ќе овоможи развој на регионот на југоисточна Македонија и подобрување на конкурентноста на фирмите. Покрај тоа има и други инфраструктурни проекти кои се од значење како почетокот на изградба на клиничката болница во Штип, изградбата и реновирањата на училишта, на спорски објекти, на комунална инфраструктура, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тоа, како што рече, се проекти вградени во буџетот и истите ќе дадат импулс за развој на македонската економија, односно да го постигнеме очекуваниот раст од 4 отсто.